500x100-1
14. 08. 2019 08:56

Попладне дожд, а утре пад на температурите

Попладне дожд, а утре пад на температурите

 Денеска времето ќе е сончево и многу топло, особено на југот на земјата. Попладне и во текот на ноќта, прво во северните делови, облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи.

Според УХМР локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер (над 70 км/час). Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ= 9.

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Т.мин 21, а Т.макс до 38 степени.

Утре се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за за 5 до 8 степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се постепен пораст.