×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплавени куќи, подруми и улици од поројниот дожд, утре ќе заседава Општинскиот штаб

    17.06.2019 18:33 | KumanovoNews

    Поради големите количини на вода кои наврнаа попладнево и проблемите со атмосферската канализација, поплавени се повеќе куќи и подруми во Куманово.

    Поплавени куќи, подруми и улици од поројниот дожд, утре ќе заседава Општинскиот штаб

    Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), граѓаните кај нив пријавиле поплави на неколку куќи и подруми во близина на некогашната касарна во населбата Добрешане, поради тоа што се излеала водата од селската суводолица.

    Неколку куќи и подрум на една стамбена зграда, поплавена се во населбите Бабин Дол и Гоце Делчев, на улиците Бранко Радичевиќ, Михајло Пупин и Никола Тесла, потоа отежнато било движењето на возилата и пешаците на улиците Трета МУБ, Октомвриска Револуција и Бајрам Шабани. Од обилниот дожд се појавило свлечилиште на ул. Титова Митровачка во близина на основното училиште Кочо Рацин.  

    Од Општина Куманово соопштуваат дека поради обилните врнежи од дожд во изминатите неколку часа, екипи: од општината, РЦУК, МВР, јавните претпријатија и Противпожарната единица се на терен и интервенираат на местата каде има помали проблеми предизвикани од невремето.

     Ги информираме граѓаните дека штетите предизвикани од денешните поројни дождови, можат да го пријавуваат на дежурниот телефон 195. Утре (18.06.2019 - вторник) со почеток во 10:00 часот во просториите на општина Куманово, состанок ќе одржи Општински штаб за заштита и спасување на кој ќе се донесат заклучоци за превземање на понатамошни активности за настанатата ситуација, - стои во соопштението на Општина Куманово.

    (Фото: Фејсбук)