×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Попуст за ран упис во „Еуро Колеџ“

    06.07.2015 12:54 | KumanovoNews

    Дваесет отсто попуст ќе добијат студентите кои до 1 август ќе се запишат во “Еуро Колеџ“.

    Попуст за ран упис во „Еуро Колеџ“

    Уписок е во тек, и има сто места за додипломски и 50 места за постдипломски студии по бизнис и администрација.

    Оваа година се надеваме дека побрзо ќе се исполни квотата, а она што ќе остане го потполнуваме со студенти од страна, од Дубаи и се надеваме на студенти од Индија. Инаку, „Еуро Колеџ“ доби акредитација за образование за возрасни и веќе работиме во соработка со Центарот за вработување, курс за невработени по сметководство, а наскоро ќе почнеме и слични курсеви по англиски и по информатика - изјави Љубиша Петрушевски, декан на „Еуро Колеџ“.

    Петрушевски објаснува дека преку „Еразмус плус“ имаат добиено средства за мобилност на студенти и професори во Европа и на Филипините. Ова ќе биде одлична можност нивните студенти и професори одреден временски период да поминат во овие земји.