×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поседувам уредна документација од пред 20 години, тврди сопственикот на објектот што се урива

    15.04.2019 13:17 | KumanovoNews

     Ивица Божиновски, сопственик на објектот пред Центарот за култура, кој утринава почна да се урива, тврди дека има дозвола за поставување на времен објект на посочената локација, која во 2003 година му ја издале надлежните институции.

    Поседувам уредна документација од пред 20 години, тврди сопственикот на објектот што се урива

    „Поседувам уредна документација од пред 20 години од Министерство за транспорт и врски и од градоначалникот Слободан Ковачевски и Советот на Општината Куманово, за уредување на градежно земјиште за поставување на времен објект и урбана опрема. Две месеци разговараме со градоначалникот да има разбирање, бидејќи сум голем инвеститор во спортот, но мимо сите мои напори и приложена документација да ми даде три месеци простор за дислокација на објектот, не ми беше дозволено, и утринава започна рушењето,- изјави Божиновски.

    Тој тврди дека уште не завршена ни судската постапка околу спорот, бидејќи не се изјаснила Второстепаната комисија, а надлежните не го почитувале ни мислењето на Градежниот инспекторат да се даде временски рок од три месеци пред да се отстрани објектот.

    Божиновски вели дека е разочаран што локалната власт му враќа на ваков начин, бидејќи тој е признаен спортски работик, кој постојано инвестира во развојот на спортот во градот.

    Општина Куманово утринава започна со уривање на објектот изграден пред повеќе од 15 години, пред Центарот за култура,

    Од Инспекторатот велат дека уривањето уследило откако сопственикот по добиено решение, не го отстранил објектот во законски дадениот рок.