×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поскапе лебот на „Жито-мел„

    15.09.2010 09:40 | KumanovoNews

    „Жито-мел„ го поскапе лебот за 3 денари. Неместо 25 денари како досега, лебот на кумановскиот производител се продава по 28 денари.  Трговците кажуваат дека зголемувањето на цената уследило без најава.

    Поскапе лебот на „Жито-мел„

    Едно утро го донесоа лебот и рекоа дека од денеска лебот е поскап. „Жито-мел„ има традиција во производство на леб и граѓаните навикале на тој кавлитет, а имаме и леб на производители од Скопје што се продава по 20 денари - кажуваат во една од продавниците.

    „Жито-мел„ кој некогаш беше најголемиот производител на леб и бели печива  во градот и регионот, откако го затворија Бајруш Сејдиу се наоѓа во тешка финасиска криза. Новите газди од Струмица го сведоа производството на минимални 2 илјади парчиња леб, а вработените немаат земено плата од февруари годинава.