500x100-1
24. 06. 2019 14:15

Поскапуваат бензинот и дизелот

Поскапуваат бензинот и дизелот

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините и дизелот поскапуваат половина денар.

Цената на 95-октанскиот бензин останува непроменета, и еден литар и понатаму ќе чини 67.00 денари. Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по половина денар, па соодветно на тоа еден литар „ЕУРОСУПЕР 98“ ќе чини 69.50 денари, а еден литар дизел ќе чини 60.50 денари.