500x100-1
08. 11. 2019 15:40

Постигнат договор за покачување на платите на наставниците од 1 јануари 2020

Постигнат договор за покачување на платите на наставниците од 1 јануари 2020

Министерството за образование и наука и Синдикатот, денеска конечно постигнаа договор за зголемувањето на платите од 10 отсто на просветните работници, од јануари следната година. 

На средбата министерот Арбер Адеми изјави дека се работи за историски момент, затоа што ова е трето покачување на платите на наставниците, односно зголемување на 21,3 отсто од платите за време на неговиот мандат, спроведени минатиот септември и септември годинава, со почакување од 5 посто.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, исто така истакна дека е задоволен од исходот на досегашните преговори и дека е откажан најавениот штрајк за понеделник, 11 ноември.

Овој договор се постигна по тримесечните преговори помеѓу МОН и СОНК, како и поради предупредувачкиот штрајк на првиот ден од новата учебна година и најавите за генерален штрајк.