×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пошумување во Градиште, Младо Нагоричане и Слупчане

    18.11.2010 23:13 | KumanovoNews

     Во акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина„ ќе се вклучат и општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Граѓаните ќе садат дрвца на локации во селата Градиште, Младо Нагоричане и Слупчане.

    Пошумување во Градиште, Младо Нагоричане и Слупчане

     Во дворот на училиштето „11 Октомври„ во 10.30 часот, симболично дрвце ќе засади градоначалникот и претставници од локалната самоуправа Куманово.Во местото Вуевци во Младо Нагоричене во акцијата ќе се приклучи заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, во Слупчане ќе сади полицијата предводена од началникот Љубомир Ѓурчески, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат на пошумување во Градиште.

    За помасовно учество на акцијата обезбедени се 16 автобуси од пред средните училишта и ќе ротираат на секои два часа. Во 9 часот автобусите поаѓаат од пред гимназиите „Гоце Делчев„ и „Сами Фрешери„, техничкото училиште „Наце Буѓони„ и пред поранешната зграда на ЗИК, економското училиште „Перо Наков„ и пред касарната Карпош, и земјоделското училиште „Киро Бурназ„. Последните автобуси се враќаат во 15 часот.