×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потпишан договорот за јавно-приватно партнерство за осветлување во градот

    15.07.2019 12:28 | KumanovoNews

    Општина Куманово и фирмата „ИЦС- лед системи“ од Прага, денеска го потпишаа договорот за јавно-приватно партнерство, за модернизација и одржување на јавното осветлување во градот.

    Потпишан договорот за јавно-приватно партнерство за осветлување во градот

    Компанијата треба да вложи 4.7 милиони евра за осовременување на системот за осветлување со лед светилки на 9.340 светлечки места и да исплаќа 20 отсто на Општината од добивката од комуналната такса во наредните 10 години.

    „Во наредните 6 месеци ќе инвестираме повеќе од 4,5 милиони евра за подобрување на јавното осветлување. Се надевам дека градот ќе биде задоволен од нашата работа и од нашите производи, а соработката ќе прошириме и во други области, бидејќи ние работиме софтверски решенија, сарт системи, - изјави претставникот од фирмата Јан Тума.

    Градоначалникот Максим Димитриевски се надева дека партнерот во целост ќе го реализира договореното, се со цел  граѓаните да добијат подобра услуга во јавното осветлување.

    Фирмата „ИЦС- лед системи“  со оваа дејност се занимава 8 години, во јавно-приватно партнерство е со општини во Чешка, Словачка и Грција. Пред 5 години го смениле  целото јавно осветлување во Охрид, а планираат да го прошираш бизнисот и во другите градови во Македонија.

    До сега  со осветлувањето стопанисуваше ЈП „Куманово-паркинг“, а ова е прво јавно-приватно партнерство во Општина Куманово.