×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потпишан договорот за решавање на спорот со името

    17.06.2018 09:18 | KumanovoNews

    Договорот за решавање за спорот за името со Грција денеска се потпиша во селото Псарадес (Нивици) на грчката страна на Преспанското езеро.

    Потпишан договорот за решавање на спорот со името

    Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

    На свечената церемонија присуствуваат и високи претставници на меѓународната заедница, медијаторот на ОН во решавање на спорот, Метју Нимиц, потсекретарката за политички прашања на ОН, Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и заменик-претседателка на ЕК, Федерика Могерини, како и комесарот за европска соседска политика и прегововори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

    Договорот содржи:

    Име – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот

    Јазик – македонски без фуснота – потврден од ООН   

    Националност – македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)

    Новото име Република Северна Македонија ќе почне да се употребува на меѓународен план откако договорот со Република Грција ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.

    На внатрешен план новото име на земјата ќе се употребува по отворање на поглавјата за преговори за членство во ЕУ, но не подоцна од пет години од потпишување на договорот.

    Договорот станува валиден кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји

    По уставните промени, кои ќе следат по евентуален успешен референдум, договорот се ратификува во парламентот во Грција.

    При тоа ќе се ратификува и договорот за името, но и протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО.

    Оттогаш почнува меѓународната употреба на новото име.

    На 28 јуни годинава, Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија,

    Кодовите за Македонија остануваат мк и мкд.

    На 12 јули на самитот на НАТО Македонија да добие покана за членство во алијансата како нејзина 30-та членка.