×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе активности и манифестации за Денот на градот

    05.11.2018 14:39 | KumanovoNews

     Со повеќе културни и спортски настани Општина Куманово ќе ја одбележи 74 годишнината од ослободувањето и 499 години постоење.

    Повеќе активности и манифестации за Денот на градот

    Традиционалната манифестација „Ноемвриски денови“ трае веќе една недела, а активностите ќе продолжат до празникот на градот - 11 Ноември.

    - Ја користам оваа прилика да ги поканам сите наши сограѓани да уживаат во Ноемвриските денови и заедно да го одбележиме празникот. Сакам да го честитам празникот на граѓаните, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес-конференција.

    Оваа година за Денот на градот ќе се одржат два концерти на градскиот плоштад, на 9 и 10 ноември, ќе настапат Звонко Богдан и групата Хари Мата Хари. Како предгрупи првата вечер се Сандра Милковска и Кумановски тамбураши, а втората вечер Мартија Станојковиќ, Аулона Aјруалу и Бесим Мифтари, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ.

    - На 11 Ноември, во 11 часот ќе биде полагање на цвеќе на Спомен костурницата, а потоа во 12 часот ќе се одржи Свечена седница во Центарот за култура Трајко Прокопиев, со богата културно-уметничка програма и со доделување на Ноемвриските награди, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за спорт и култура.

    Во наредните денови ќе се одржи и годишен концерт на КУД „Бајрам Шабани“, меѓународна изложба на фотографии, промоција на публикацијата „Корени“, турнир во мал фудбал, натпревар во спортски риболов, ликовна колонија „Карпино“, откривање на спомен плоча во Пелинце, меѓународен турнир во пинг-понг, атлетска ноќна трка.

    За реализација на сите активности од програмата потрошени се 900.000 денари.