500x100-1
10. 07. 2019 12:29

Повредена жена на „Трета МУБ“

Повредена жена на „Трета МУБ“

Кумановска се здобила со тешки повреди откако вчера во неа удрил автомобил.

Сообраќајната несреќа се случила околу 14,30 часот во Куманово на бул.„Трета Македонска ударна бригада“, кога  патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(72) од Скопје, удрило во У.С (47) од Куманово.

Повредената била пренесена во болницата во Куманово. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.