×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожар пеплоса шест објекта во Студена Бара

    26.08.2010 15:08 | KumanovoNews

    Три куќи и три помошни објекти изгореле во големиот пожар што вчера попладне го зафати м.в. „Ново село“ во атарот на кумановското село Студена Бара. 

    Пожар пеплоса шест објекта во Студена Бара

    Пожарот избувнал околу 16 часот и се проширил на 30 хектари  сува трева, при што зафатил и една викендичка, две стари куќи, два амбара со над три тона жито, плевна со слама и механизација. Жителите се обиделе да го стават огинот со контрола при што се здобиле со изгореници.

    Голема е штетата не успеавме ништо да спасиме. Изгоре кровот и целата покуќнина на горниот кат. Кај девер ми изгоре и сета храна за животните. Се боревме со огнот, но залудно, ветерот го разгоруваше. Огнот ја зафати и електричната мрежа поради што не можевме да ја користиме хидрофорот, туку водата ја вадевме рачно од бунарот - вели Вера Додевска.

    Противпожарната едниница од Куманово го гаснела огнот до 1 часот по полноќ, а и денеска сеуште чадеа куќите. Екипи ма СВР Куманово извршила увид на пице место, по што ќе се утврди матерјалната штета.

    Според жителите, пожарот го предизвикал еден од соседите, кој откако запалил смет во дворот го исфрлил сеуште недогорениот пепел во сувата трева.