×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарникар паднал од кров висок 6 метри додека гаснел запален оџак

    25.02.2019 09:47 | KumanovoNews

    Пожарникарот кој во саботата беше тешко повреден при пад од кров на куќа во Куманово, додека гаснел запален оџак, се опоравува на Скопските клиники.

    Пожарникар паднал од кров висок 6 метри додека гаснел запален оџак

    Како што информираат од Територијалната противпожарна единица во Куманово, С.В.(46) е во стабилна здравствена состојба и е контактибилен, но сеуште се наоѓа на интензивна нега.  Извршена му е операција на раката на која имал скршеница и има повреди на карлицата.

    Несреќата се случила во саботата околу 19.30 часот, додека С.В. со своите колеги гаснел запален оџак на куќа на улицата „Младен Стојановиќ“ во Куманово.

    Додека бил на кровот се лизнал, бидејќи биле подмрзати ќерамидите и од висина од 5-6 метри паднал на бетонска подлога.

    Веднаш бил пренесен во Ургентниот центар Куманово каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил префрелн на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и инспектор од Државен инспекторат за труд.