×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати победниците на Мартовските есеи

    11.05.2010 09:56 | KumanovoNews

     Есејот „Корени како антени„, на Роберт Алаѓозовски од Скопје ја доби првата награда на годинешниот Kонкурс за Мартовски есеи на списанието “Корени”.

    Познати победниците на Мартовските есеи

    Втората награда ја освои Слободан Беличански од Скопје со есејот „Малку местенце за класика и ерато„, а третата им припадна на автороте,  Христо Петреси  од  Скопје за есејот „Патот кон Европа„ и Аго Хаурудиќ за есејот „Ум и разум„ од Куманово.

    Кај младите автори  победија: Симона Стијановска за есејот „Живот, среќа и смрт„, Моника Филиповска со „Низ желбите и соништата ја создаваме иднината„ и Драгана Денковска со „Апсурдноста ме кочи де не продолжам понатаму„.

     За добитниците на наградите одлучи комисија во состав: проф. д-р Александар Прокопиев, научен споветник  во Институт за македклнска литература, Биљана Станковска, писател и Добривоје Стошиќ, професор по литература во пензија.

    За забележителен продонес на македонската есеистика посебно признание годинава ќе му биде доделено на Александар Прокопиев.

    Годинешниот Kонкурс за Мартовски есеи на “Корени” прв пат се објавува на слободна тема. Пристигнале над шеeсетина есеи од кои половината во конкурернција за возрасни автори, а останатите за млади есисти, од кои и годинава во најголем број беа од Гимназијата “Гоце Дeлчев„ од Куманово

    Наградите ќе се доделат на традиционалната Вечер на есеи по повод ослободувањето на Куманово.