×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пратеници на СДСМ ги посетија стечајците

    23.12.2009 01:45 | KumanovoNews

    Стечајците работници кои веќе  16 дена штрајкуваат со глад во просториите на Здружението „Унит“, денеска ги посетија пратениците на СДСМ Цветанка Илиева и Марјанчо Николов. Тие се запознаа со нивните барања и ветија дека ќе го актуелизираат проблемот во Собранието.

    Пратеници на СДСМ ги посетија стечајците

    Согласно законите кои важат не постои решение за проблемот на стечајците,потребно е да се донесе нов закон или да се направат измени и дополнувања на постоечките закони за оваа категорија грагани. Јас поднесов законско решение, но тоа не помина. Мислам дека треба да се јави политичка волја кај владеачките партии кои го имаат мнозинството во Собранието, без нивна согласност нема можност да помине некое законско решение. Ние како пратеничка група на СДСМ можеме да им помогнеме на стечајците единствено преку актуелизирање на проблемот во собранието, преку дебати кои треба да ја разбудат совеста и човечноста кај надлежните да го решат прашањето. Дојдовме да ги посетиме за да не се чувствуваат отфрлени и заборавени, пред се и тие се граѓани на оваа државата - изјави Николов.

    Стечајците и покрај сериозно нарушеното здравје ќе остат во студената просторија и не отстапуваат од своите барања. Најавуваат дека на 31 декември ќе заминат пред Собранието кога ќе се расправа за пратеничките прашања.