×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прекината седницата на Советот поради отсуството на градоначалникот

    04.07.2019 10:31 | KumanovoNews

    Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, ја прекина денешната седница, поради отсуството на градоначалникот Максим Димитриевски, кога на дневен ред дојде Предлог – Одлуката за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно-приватно партнерство помеѓу јавен и приватен партнер, заради модернизација и одржување на системот на јавно осветлување во Општина Куманово.

    Прекината седницата на Советот поради отсуството на градоначалникот

    На советниците им беше дадена получасовна пауза, но откако градоначалникот не се појави на продолжението, седницата беше прекината.

    „Сметам дека оваа точка треба да се разгледува во присуство на градоначалникот, кој е предлагач, но бидејќи не го озбезбедивме неговото присуство, седницата ја прекинувам, а дополнително ќе бидете известени кога ќе продолжи, - изјави Мургашанска.

    Предходно беа усвоени предлозите за давање согласност на изменување и дополнување на годишните планови за вработувања во 2019 и 2020 година, како и утврдување на вредноста на бодот за платите на вработените во детската градинка „Ангел Шајче“ – Куманово, и две точки од областа на урбанизмот.