Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Премиерот Никола Груевски со своите соработници наредниот четврток ќе одржи трибина во Куманово. Средбата ќе биде во хотелот Кристал, а ќе присуствуваат повеќе министри и високи државни функционери кои ќе одговараат на прашања на граѓаните.
- Ги повикуваме сите граѓани на Општината, независно од нивната политичка припадност, да земат активно учество со свои прашања, идеи, пофалби и критики кои се во функција на подоба работа на институциите на локално и државно ниво и тоа да го кажат лично на премиерот и членовите на Владата- се вели во соопштението на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Трибината ќе започне во 20.30 часот. Од партијата велат дека со јавните трибини ја продолжуваат традицијата да бидат поблиску до граѓаните.