×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претседателката на Советот доби смртни закани на Фејсбук по барањето опозициските советници да го тргнат знамето од Кутлеш на лаптопите

    30.08.2019 14:46 | KumanovoNews

    Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, добила закана по живот на социјалните мрежи, откако вчера, на седница на Совет побара од советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да ги отстранат сонцето од Кутлеш залепано на нивните лаптопи, бидејќи со тоа се прекршува законот. 

    Претседателката на Советот доби смртни закани на Фејсбук по барањето опозициските советници да го тргнат знамето од Кутлеш на лаптопите

    „Таа негативна кампања сеуште трае, а насочена е кон мене како претседател на Советот, задолжена за редот и мирот и почитување на позитивните законски прописи во оваа сала и воопшто во работата на Советот на Општина Куманово. Апелирам да престанат, бидејќи не им служат на чест ниту на тие кои се закануваат ниту на оние кои ги поттикнаа. Се оди до таму да има има директни закани по животот на мене, за моето семејство и сите членови за мнозинството во Советот. Ние ќе продолжиме со работата чесно и одговорно и ќе го почитуваме законот, а доколку заканите не престанат ќе се преземат мерки во соодветна постапка“, - изјави Мургашанска, која случајот го пријавила во Кумановската полиција.

     Жолчната расправа започна вчера кога советниците на опозицијата на седницата имаа залепени слики од сонцето Кутлеш и со тоа демонстрираа дека се против политиките на сегашната власт.

      Претседателката вели дека реагирала врз основа на член 8 точка 3 од Законот за ратификација на Преспанскиот договор, во кој е наведено дека втората страна нема повторно да го употребува на било кој начин и во било каква форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме, а откако во директниот пренос поголем број граѓани на Куманово реагирале зошто дозволува да се злоупотребува советничката седница за промоција на партиски цели.   

    Советниците кои ги истакнаа сликите рекоа дека тоа не е забрането и прашуваа по кој закон во салата на Општина Куманово се наоаѓа знамето на Европската унија.

    „Можеби по некој закон е забрането на службените лаптопи, но никаде не стои каква слика ќе има на мојот приватен лаптоп. Истата слика може да стои и на екранот и да биде свртена на другата страна. Ве повикувам и вас и надлежните слободно нека дојдат и нека не санкционираат според законот, и нека не казнат со предвидената казна за едно вакво дело“, - одговори Драган Петковски, координатор на советничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Опозиционите советници на денешното продолжение ја напуштија седницата додека се донесуваше нацрт – статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општината Куманово, во која се додава името Северна Македонија.