×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставени нацрт законите за основното образование пред наставниците во регионот

    24.06.2019 10:34 | KumanovoNews

    Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска присуствуваше на јавна дискусија за Нацрт-законот за основното образование и Нацрт-законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, пред претставниците од образованието во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

    Претставени нацрт законите за основното образование пред наставниците во регионот

    Според министерот новите закони треба да го подобрат квалитетот на основното образование и статусот на просветните работници.

     „Се работи за воведување на национални стандарди базирани на компетенции кои треба да ги стекнат учениците во основното образование. Се предвидува да не се работат саботите, школската година да не мора да заврши на 10 јуни, туку може да се продолжи доколку некој ден треба да се одработува. Нудиме конкретни квалитативни решенија околу деполитизација и депатризација на основното образование, така во одборот на училиштето наместо 9 члена ќе има 7 члена, по 3 од наставниците и родителите и еден член од основачот општината. Одборот на училиштето ќе предлага директорот, а градоначалникот е должен да го именува, а доколку не го испочитува предвидениот рок тоа ќе го направи министерот“ - изјави министерот Адеми.

    Тој додаде дека има новини и во нутритивниот дел кој се однесува на исхраната на учениците, потоа професионалната ориентација на учениците, инклузивното образование, финансиска поддршка за учество на натпревари и др. Промени ќе има и во професионалната надградба на наставниците и стручните соработници, со цел да има што повеќе мотивирани просветни работници.

    На јавната дискусија учествуваше и директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски, кој ги повика присутните да ги дадат своите забелешки иво однос на законите, се со цел да се имплементира квалитетно законко решение.