×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Превентива“ овластена за продажба на ПП - апарати

    16.03.2010 09:10 | KumanovoNews

     Задолжителното носење на противпожарен апарат во возилата ја зголеми работата на Друштвото за противпожарна заштита „Превентива„, единствено овластено претпријатие во градот кое се занимава со оваа дејност.

    „Превентива“ овластена за продажба на ПП - апарати

    Според вработените најголема побарувачка има за апаратите од 2 килограми, полнети со прашок наменети за лесни возила.  

    Кај нас можат да се најдат апарати од „Ватроспрем„ од Белград и „Пастор„ од Загреб, две  најреномирани фирми во Европа. ПП-апаратите чинат 1300 денара, а имаат век на траење над 20 години. Морам да кажам дека по донесување на одлуката, на пазарот се појавија разни непроверени апарати, со сомнително и кинеско производство. Некои се со несоодветна тежината и полнење. Затоа ги предупредувам  возачите да обрнат внимание што купуваат, за подоцна да немаат проблеми - вели Часлав Јовановиќ, управител во „Превентива„.

     Друштвото за противпожарна заштита „Превентива„ е единствен овластен сервис во Куманово, што има лиценца од Владата на РМ за сервисирање на ПП-апарати, аларм системи и поставување на инсталација, а работи и на изготвување на планови за евакуација, врши обука на вработени за ПП заштита и други услуги од овој вид.

     Ние сме единствени поради тоа што само нашето испитување, сервисирање и полнење на апаратите е признаено од надлежните државни институции. Останатите фирми во градот немаат овластување, работата на диво и незаконски се занимаваат со оваа дејност-вели Јовановиќ.

    Од „Превентива„ откриваат дека денеска ќе им пристигне нова пратка со апарати од 2 килограми и граѓаните можат да обратата во нивните простории во Противпожарниот дом.

    Противпожарниот апарат е задолжителна опрема во сите автомобили, автобуси и камиони, според правилникот за задолжителна опрема. Сите возила кои превезуваат патници треба да имаат противпожарен апарат за гасење на пожар поставен на видно место или на место лесно да дофат.

    Полицијата  започна со контроли дали се применува одлуката, но деновиве само ги опоменува возачите на обврската за носење на ПП-апарат.