×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Превозниците на ученици не ги признаваат нападите на Здружението

    20.10.2010 15:41 | KumanovoNews

     Превозниците „Штуз„, „Оли-травел„,„Јоцо-турс„, „Глобус-турс„ и „Нота-ми„, кои го добиле тендерот за превоз на ученици во основните и средни училишта во градот ги отфрлаат и ги сметаат за неосновани обвинувањата од Здружението на автопревозници на Куманово.

    Превозниците на ученици не ги признаваат нападите на Здружението

     Изјавата дека ние сме фаворизирани е невистинита и во целост ја отфрламе, бидејќи изборот на јавен тендер се врши од учесниците кои ги исполнуваат условите предвидени со закон. Дел од автопревозниците што учествуваа на тендерот за јавна набавка, ако не се задоволни од изборот имале можност да поднесат жалба до второстепената комисија, согласно законот, а не сега да бараат решение надвор од законските одредби. Останатите автопревозници во најголем дел немаат регистрирано фирми и вршат нелегален односно див превоз на патниците- се вели во соопштението на превозниците.

    Тие како невистинити ги оквалификуваа и наводите дека набавиле автобуси само за да ја добијат работата, како и вмешаноста на локалната самоуправа.

    Набавката на автобуси е извршена во согласност со Правилата за увоз на возила донесено од Владата од 01.02 2010 година до 30.09.2010 година. Во тој период во државата се увезени 450 автобуси од кои 30 во Куманово со еуро 2 и еуро 3 стандарди. Ние располагаме со 83 автобуси и 93 вработени. Автобусите со еуро стандарди се ставени во функција на граѓаните и со тоа е подоберн кавлитетот и безбедноста при превоз на патниците- наведуваат потписниците на реакцијата.

     Превозници најавуваат дека за досега изнесените клевети и навреди на нивна адреса во настапите на членовите на Здружението ќе бараат судска разврска.