×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Презентирани косилки на Штил

    08.06.2010 13:01 | KumanovoNews

     Во Куманово денеска беа презентирани моторни косилки и чистачи од реномираната германска фирма Штил (STIHL). Промоцијата имаше за цел да го покаже квалитетот, функционалноста и примената на овие косилки во секојдневниот живот на човекот.

    Презентирани косилки на Штил

     Моторните чистачите и косилки наоѓаат голема примена на најразични места, особено кога се работи на одржување и нега на зеленило. Се користат за перфектно уредени дворови и места покрај патиштата, стрмнини и секаде каде не може да се работи со обичните косилици. Тие наоѓаат широка примена, од хоби до професионална употреба-вели Марина Серафимовска, маркетинг-менаџер во фирмата Нимет.

    Фирмата „Нимет„ од Скопје има широк асортиман на моторни косили од Штил,кои во Куманово можат да се набават во продавниците на „МБ-ИНЦ„ во Средорек и на Зелениот пазар, кој е единствен дилер со оригинални производи на оваа реномирана марка. Во последните години зголемена е продажбата на овие косилки поради прифатливите цени и високиот кванитетт, но и затоа што граѓаните се повеќе посветуваат внимание за уредување на сопствените дворови.

    Презентацијата ја организираа фирмите партнери Нимет од Скопје и „МБ-ИНЦ„ од Куманово.