×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • При крај изградбата на автопатот кон границата

    17.10.2010 08:46 | KumanovoNews

     На делницата долга околу 8 километри интензивно се работи на изградбата на три нови сообраќајни ленти.

    При крај изградбата на автопатот кон границата

     Делот на автопатот од Куманово до граничниот премин „Табановце„ е вистинско градилиште. На делницата долга околу 8 километри интензивно се работи на изградбата на три нови сообраќајни ленти. Најголем дел од работите се во завршна фаза. Градежниците на австриската компанија „Алпине Бау“ и неколку домашни фирми подизведувачи со тешка механизација работат на реконструкција на стариот дел на автопатот. Сообраќајот во двете насоки се одвива по новите коловозни ленти од излезот на Куманово до граничниот премин Табановце.

     Досега се изградени и неколку подвозници, мостови, надвозници, одводи за атмосферски врнежи, а во тек е изградбата на главната сообраќајна крстосница каде жителите на селото Табановце ќе се исклучуваат од автопатот, а најавено е и поврзување на патниот и железнички граничен премин.

    Рокот за изградба на оваа делница на Коридорот 10 според најавите истекува до крајот на есента. Можеби ќе биде пролонгиран за извесен период поради проблемите што изведувачите ги имаа со сопствениците околу експропријацијата на земјиштето низ кое што минува трасата.

    Со завршувањето на оваа автопатска делница Македонија ќе добие најсовремена патна сообраќајница од северниот до јужниот дел на држвата, што значително ќе го забрза движењето на возилата и на патниците особено во летниот период кога фреквенцијата значително е зголемена.                                                                                   С.Ј.