×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пријава за примање поткуп

    06.03.2010 16:19 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.М.(53) пазарен инспектор од Куманово  под сомнение дека строил кривично дело примање поткуп.  Според СВР Куманово инспекторот ја злоупотребил својата службена положба и минатата година побарал 200 евра од Д.Т.(24) газда на приватна фирма во Куманово за да не ги пријави неправилностите во неговото работење.

    Пријава за примање поткуп

    Притоа му се заканил доколку не му ги даде парите дека ќе му го затвори дуќанот.

    Во октомври минатата година Д.Т. оставил 8000 денари во канцеларијата на политичката партија во која членува и З.М., а вчера во работните простории на З.М. му ги предал останатите 4000 денари. Парите биле обележани од полицијата и при претрес полицијата, а инспекторот бил приведен. Истражен судија од Основниот суд му одредил притвор од 30 дена.