×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за насилникот што влета во летната бавча

    01.07.2010 10:55 | KumanovoNews

    Истражен судија од Основниот суд Куманово му одреди 30 дена притвор на Агим Шабани (23) од Куманово, заради сторено кривично дело насилство. Шабани пред четири дена со својот автомобил бмв со швајцарски регистарски таблички влетал во летната бавча на кафе барот „Клуб„ за да се пресмета со сопственикот. 

    Притвор за насилникот што влета во летната бавча

    Од ударот во жардинењерите никој од гостите не бил повреден, освен Шабани кој удрил со главата во шофершајбната. Поради тоа бил пренесен во Кумановската болница.

    Шабани во неделата во 4 часот наутро, пијан несакал да си ја плати сметката и се скарал со сопственикот. Револтиран  Излегол од угостителскиот објект и по дваесетина минути се вратил со автомобилот. Преку Градскиот плоштад и со голема брзина се упатил кон кафулето.Притоа луѓето кои биле на Плоштадот бегале настрана за да не ги прегази.