×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжи уривањето на објектот пред Центарот за култура

    18.04.2019 09:33 | KumanovoNews

     Утринава продолжи уривањето на објектот пред Центарот за култура во Куманово.

    Продолжи уривањето на објектот пред Центарот за култура

     Работници во присуство на полицијата ја отстрануваа металната конструкција и  кровот на објектот.

    Уривањето започна во понеделникот, но беше прекинато два дена затоа што на сопственикот на угостителскиот објект му беше дадено време да го изнесе инвентарот.

    Од Општина Куманово велат дека објектот на улица „Маршал Тито“, кој се наоѓа на зелена површина, нема дозвола за градба ниту поседува решение за поставување на привремен објект и затоа е донесено решение за отстранување во даден законски рок и решение за административно извршување.

    Наспроти ова сопственикот тврди дека поседува уредна документација од пред 20 години за поставување на времен објект и урбана опрема.

    Од локалната самоуправа велат дека акцијата за бесправно изградени објекти на јавни површини започнала во февруари, а ќе продолжи во наредниот период.