Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Волонтери од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ утре ќе го чистат сметот на ул. „Моша Пијаде“, поточно спроти продавницата за бели пецива „Фреш“.
На локацијата се наоѓа запуштена трафика, која несовесните граѓани ја користат како контејнер.
„Со цел да се подигне еколошката свест и да се исчисти сметот во кој живееме со години, во недела во 8 часот, ќе организираме нова акција. Имаме алат, ракавици и се што ни е потребно и кој сака може слободно да дојде и да ни помогне. Намерно избравме да се чисти во центарот на градот и во недела, за да можат да ни се приклучат што поголем број на луѓе, особено оние коишто живејат во околните куќи и згради“ - вели Јована Спасиќ од „Не биди ѓубре“.
Минатата сабота волонтерите од „Не биди ѓубре“, ја организираа првата акција во Куманово, а се чистеше дивата депонија на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, помеѓу населбите Пуковско и Проевце, при што беа изнесени на 300 тони смет и шут, со помош на комуналните претпријатија.