Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за меѓукутурен дијалог од Куманово денеска на прес конференција ќе го промовира проектот “Активно граѓанство за меѓуетничка соработка” , кој се реализира во соработка со УНДП.
Проектот има за цел да создаде основа за одржлив меѓу-етнички дијалог со негувањето на меѓусекторски вмрежување меѓу јавниот сектор и граѓанското општество од Куманово. Проектот е финансиски поддржан од страна на УНДП, како дел од заедничката програма на ОН “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците”.
За време на реализацијата на проектот, ќе се работи на подобрување на односите меѓу заедниците во Куманово. Фокус на оваа платформа е Комисијата за односи меѓу заедниците и вклучување на други важни локалните чинители: Советот на општина Куманово, локалните институции, граѓанските организации. Комисијата за односи меѓу заедниците е важна појдовна точка која ќе ги собере сите заинтересирани чинители и да се создаде меѓу-секторска соработка опфаќајќи ги вредностите на промовирањето на меѓуетничките односи.
На прес конференцијата присутни ќе бидат претседателот на Совет на општина Куманово Виктор Цветковски и преседателот на Комисијата за односи помеѓу заедниците Богдан Таневски и претставници од ЦМД.
Прес конференцијата започнува во 14.00 часот во Касапки круг , ресторанот „ Фра Ѓорѓо„.