×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проект на учениците од „Крсте Мисирков“ доби грант од Фондот за иновации

    11.09.2019 11:32 | KumanovoNews

    Фондот за иновации и технолошки развој денес во Владата потпиша договори за грантови со млади истражувачи од 34 основни и средни училишта во вториот повик „Предизвик за млади истражувачи“.

    Проект на учениците од „Крсте Мисирков“ доби грант од Фондот за иновации

    На потпишувањето на договорите беа презентирани видеа од петте најдобро рангирани проекти, меѓу кои и на учениците од основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово, како и средните училишта „Ванчо Прке“ од Виница, „Орце Николов“ од Скопје и „Фаик Коница“ од Гостивар, и основно училиште „Даме Груев“ од Битола.

    Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ со проектот „Испринтај ја својата фантазија“ се наградени за иновативниот проект за 3Д прототипи за изработка на протези за миленичиња и поилки за птици.

    Тие велат дека со овој проект влијаат на будење на свеста во општеството и пошироко за можноста ваква иновативна технологија да се користи и во наставата.

    За иновативни проекти од овој конкурс училиштата ќе добијат грантови од шест милиони денари.