×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проектите за аронија и гифт-шоп најуспешни бизнис – планови

    20.08.2010 14:43 | KumanovoNews

    Катерина Стојановска и Паула Каранфиловска, двете од Куманово ги добија наградите од конкурсот „Од идеја до сопствен бизнис“ на кој се пријавија триесетина млади луѓе од североисточниот регион на државата.

    Проектите за аронија и гифт-шоп најуспешни бизнис – планови

    За најуспешни се прогласени Проектот за одгледување на аронија и Планот за мобилен гифт-шоп.

    Имав идеја да започнам сопствен бизнис со мала инвестиција, одгледување на арониа, црноплодно овошје кое во западните земји го откупуваат за 2,5 евра по килограм. Македонија нуди одлични климатски услови за вакви насади - вели Катерина Стојановска, која ја доби првата награда од 1 500 евра.

     Таа се надева дека овие сретства ќе и бидат доволни за да ја отпочне својата замисла.

    Второ наградениот проект за отварање на мобилен гифт шоп ќе добие 1000 евра.

    Потребата да изненадиш некого и да му пратиш подарок ми беше мотивот за овој проект. Сакам да направам нешто интересно со кој ќе ги зближувам луѓето кои ќе можат да си подаруваат и пријатно да се изненадуваат едни со други - вели Каранфиловска.

    Проект во Куманово се работеше три месеци. Учесниците на предавањата, идни претприемачи се информираа и се образуваа како да отпочнат сопствен бизнис.

    Проектот од идеја до сопствен бизнис во време на светска економска криза  е одличен начин да  помогнеме на идните бизнисмени, и да допринесеме да се намали невработеноста. Ова е дел од стратегијата за одржлив развој и за отварање на еден бизнис инкубатор во касарната „Христијан Карпош“ и економската зона во населбата „Карпош“ - вели Зоран Павловски, раководител на Сектор за локален развој.

    Проектот  го реализира ПСМ фондацијата со подршка на консултанската куќа Гешталд и Општината Куманово со финансиска помош на Владата на Холандија. ПСМ фондација работи над три години во Скопје и досега има финансирано над триесетина вакви проекти, кои што ја развиваат свеста за претриемништво кај младите луѓе.

    Овој проект освен во Куманово се одржа низ четири региони во државата,каде што над триесетина учествуваа со свој бизнис план. Селектирањето се оценуваше според остварливост,финасиски план и иновативност. Предност дававме на иновативните и реалните планови. Од ПСМ фондација добиваат подршка без разлика во кој дел од државата  се наоѓа фирмата - вели Софија Цали од ПСМ фондација.

    Учесниците во проектот кој првенствено се спроведе за намалување на стапката на невработеност кај младите, ќе добијат и бесплатна консултантска помош за реализација на своите идеи од страна на фирмата Gestalt Solutions д.о.о која активно  ги следеше и советуваше младите претприемачи изминативе три месеци.