×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проектот „Компјутер за секое дете“ оди во историјата, нема да има наследник

    11.02.2019 13:25 | KumanovoNews

    Иако за „Мета“ неодамна заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, најави наследник на проектот „Компјутер за секое дете“, министерот Арбер Адеми денеска изјави дека тоа сепак нема да се случи.

    Проектот „Компјутер за секое дете“ оди во историјата, нема да има наследник

    Во буџетот за оваа година не се предвидени пари за компјутерски уреди за учениците.

     Не велам дека е лоша идејата за компјутери во училиштата, но треба да се има предвид дека со минатиот проект, имаше потфрлања при реализацијата. Потребни ни се консултации од експерти пред да воведеме повторно вакво нешто во образовниот систем. Во насока на дигитализација на наставата, заедно со Министерството за онформатичко општество, работиме на проект за мрежно поврзување на училиштата, да имаат подобра поврзаност, но пари за нови компјутери нема – рече Адеми.

    Пред извесно време, Атанасов за „Мета“ изјави дека дигитализацијата на наставата е промена која мора да се случи.

     Ќе работиме на тоа да ја дигитализираме наставата. Тоа подразбира обезбедување повеќе ресурси, опремување на училиштата и овозможување алатки за да можат децата да учат од модерни помагала – изјави тогаш Атанасов.

    Според евиденцијата на Држвниот просветен инспекторат, едвај една тгретина од компјутерите од „Компјутер за секое дете“ се користат во настава. Тие беа набавени пред 12 години. Овој проект беше жестоко критикуван од тогашната опозиција која обвинуваше дека е проект за перење пари, за кој официјално, никогаш никој не обелодени колку точно пари ја чинеше државата.