500x100-1
09. 02. 2010 17:00

Професорот што истепа ученик, парично ќе биде казнет

Професорот што истепа ученик, парично ќе биде казнет

Професорот по физичко воспитание, кој го претепа шестооделенецот во основното училиште "Магдалена Антова" во населбата Карпош, ќе биде парично казнет и прекршочно ќе одговара, но нема да биде избркан од работа.

Истрагата на кумановската полиција покажала дека постои основано сомнение дека професорот извршил физички напад врз ученикот, но нема елементи за кривична пријава.

За однесувањето на професорот С.К., казна изрекла и дисциплинската комисија во училиштето, која најверојатно ќе биде парична, но сеуште не е објавена, поради тоа што професорот заминал на боледување.

Директорот на училиштето Живко Стојковски, вели дека професорот нема да биде отстранет од работа бидејќи ова му е прва пријава за повреда на работното место, но тргнат е од функцијата заменик директор и повеќе нема да предава во одделението каде се случил инцидентот.

Физичката пресметка на професорот со ученикот се случи минатата недела на часот по физичко, кога детето фрлило мастика кон корпата. Според кажаувањата на шестооделенецот тоа  многу го налутило професорот и му удрил неколку шлаканици и боксови по лицето.

Со модринки по образот и раскрварено непце во устата, родителите случајот го пријавиле во кумановската полиција, а најавуваат и приватна тужба против просветниот работник.