×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Профункционира дневниот престој во Крсте Мисирков

    04.10.2010 14:02 | KumanovoNews

     Во основното училиште „Крсте Мисирков„ од денеска започна пилот проектот за продолжен престој на учениците од прво одделение. Услугата оваа година ќе ја користат околу 25 ученика, а доколку има интерс од наредната година капацитетите ќе се прошират.

    Профункционира дневниот престој во Крсте Мисирков

    Оваа го превиме со цел да им излеземе во пресрет на родителите што немаат каде да ги згрижат децата по настава додека тие се на работа. Со продолжен престој учениците ќе бидат тука од 7 до 17 часот. По завршување на наставата ќе се префрлат во посебна училница за продолжен престој- вели директорот Александар Саздевски.

    Просторијата каде ќе престојуваат децата е опремена со нов мебел, компјутер и останата неопходна опрема.  Со децата ќе работат учителки кои веќе работата во училиштето, додека не се ангажира ново лице кое ќе работи исклучиво со децата во дневниот центар. Децата ќе имаат два оброка кои се приготвуваат во училишната кујна, а ќе се делат во специјално опремена трпезарија. Месечната претплата за престој на учениците чини 1800 денари. За реализација на проектот се потрошени 50 илјади денари.