×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени ученици на генерацијата во Куманово и Старо Нагоричане

    22.05.2018 18:11 | KumanovoNews

     Здружението на просветни работници и Општина Куманово, традиционално по повод Денот на сесловенските просветители „Кирил и Методиј“, ги прогласија најдобрите ученици на генерацијата 2017/2018 година.

    Прогласени ученици на генерацијата во Куманово и Старо Нагоричане

    Епитетот најдобри го понесоа ученици од 23 основни и 5 средни училишта од Куманово и Старо Нагоричане.

      Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска на учениците им посака успех во понатамошното образование, укажувајќи дека со ваква генерација Македонија има светла иднина.

    „Во воспитно-образовниот процес сите чинители вложуваат многу труд и љубов, се со единствена цел да се создадат чесни и успешни луѓе на ова општество. Денеска имам чест да ги поздравам најуспешните меѓу успешните, оние коишто вложија посебни напори да се справат со сите образовни предизвици, да одолеат на предизвиците на младоста и на времето, и да ги зацртаат и да ги остварат своите цели“, - рече Мургашанска.

    Претседателката на Здружението на просветни работници во Куманово, Лидија Николовска- Георгиевска, нагласи дека овој празник не само што потсетува на делото на просветителите, туку треба да ги поттикне младите да чекорат по патот на знаењето.

    „Нашата мисија и нивната мисија воедно поттикна културолошко цивилизаторски процес за пренесување на традицијата, потрага за својата самобитност, самоидентитет и самореализација, а темелот е создавање на првата словенска азбука глаголица и описменувањето, изјави  Николовска-Георгиевска.

    Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма подготвена од ученици од кумановските училишта.