500x100-1
11. 02. 2010 16:46

Програмата ФАДН претставена пред земјоделците

Програмата ФАДН претставена пред земјоделците

Од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и претставници од ресорното министерство денеска пред земјоделците од Старо Нагоричане го презентираа системот за воведување сметководствена мрежа за земјоделските стопанства -ФАДН.

 Програмата има за цел земјоделците да добијат реална претстава за профитабилноста од својата дејност. "Системот има повеќе предности,а овозможува следење на земјоделските стопанства,соодветна анализа и препорака како да се зголеми профитот, но и воведување на мерки за рационална искористеност на ресурсите "- вели Весна Илиевска,координатор на програмата ФАДН од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.

  Земјоделците кои се заинтересирани за примена на системот можат да се обратат во канцеларијата за развој и поттикнување и да побараат советник кој ќе изврши потребната анализа.Преоктот предвидува целосна заштита на информациите кои ќе ги даде фармерот,согласно Законот за заштита на лични податоци - информираа на денешната трибина.