×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Производите на „Бучен Козјак“ препорачани од Здружението на педијатри на Македонија

    16.01.2019 10:00 | KumanovoNews

    Здружението на педијатри на Македонија, врз основа на спроведени сопствени истражувања, донесе одлука да го додели знакот “Препорачано од Здружението на педијатри на Македонија“ на компанијата  „Бучен Козјак“ од Куманово.

    Производите на „Бучен Козјак“ препорачани од Здружението на педијатри на Македонија

    “Ова е уште една потврда на нашите напори кои како компанија ги вложуваме во постојано подобрување и одржување на високото ниво на квалитет на нашите производи. Секако, најмладата генерација е наш верен потрошувач и добивањето на потврда за високиот квалитет и безбедност за консумирање од страна на Здружението на педијатри многу ни значи“, изјави  Анита Спасовска , генерален директор на компанијата „Бучен Козјак“ .

    Компанијата специјализирана за млечни производи успешно работи 35 години на пазарот постојано водејќи се од своите клучни вредности: квалитет, традиција, фамилијарност и постојаност.

    Од неодамна целосно ја редизајнираа течната програма (јогуртот, киселите млека, свежото млеко, ајран) и новиот визуелен идентитет е целосно синхронизиран со квалитетот и вкусот на производите.

    Најново во новиот дизајн на „Бучен Козјак“ е и значката “Препорачано од Здружението на педијатри на Македонија.