×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пролонгиран рокот за увоз на стари возила

    05.08.2010 14:37 | KumanovoNews

     Министерството за економија го пролонгира рокот за увоз на половни, патнички, товарни возила и автобуси по стандардот Еуро 1 до 30 септември.

    Пролонгиран рокот за увоз на стари возила

     “До 30 септември треба да се завршат и потребните постапки за пререгистрација на сите возила со странски таблички во Република Македонија, што претпоставува до тој рок возилото да е оцаринето и да е започната постапката за хомологација, со поднесено комплетно барање до телата овластени за вршење хомологација, заедно со царинската декларација при увозот на возилото и потврдата за техничките карактеристики на конкретното возило. Од 1 октомври започнува да важи новото правило за задолжително поседување на ЕУРО 2 стандардите, како услов за легализирање на возилото, и тоа во  наредните 6 години, а потоа ЕУРО 3 стандардите“, се вели во информацијата од Економија.

    Инаку, рокот за увоз на возила со Еуро 1 истекуваше денеска.

    Според податоците од Царинската управа, до сега во Македонија процедурата за царинење на возила со странски регистарски таблички ја завршиле околу 31 000 возила.