×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на проектот за туристички атракции во Североисточниот регион

    12.10.2018 11:58 | KumanovoNews

    Во среда во Крива Паланка ќе се одржи завршната конференција на проектот „Промоција на туристички атракции во 3Д – ТАП3Д“, кој го имплементираат Обласната администрација Ќустендил и Центарот за развој на Североисточен плански регион - Куманово.

    Промоција на проектот за туристички атракции во Североисточниот регион

    - Во рамки на проектот извршена е инвентаризација и каталогизација на туристичките локалитети во областа Ќустендил и Свереоисточниот плански регион. Реновирана е општинската сала во Крива Паланка и модерно опремена за 3Д презентација на туристичките локалитети во двата региона и набавка на фиксна и мобилна 3Д опрема за промоција на туристичките атракции, изработка на 3Д промотивни видеа за туристичките локалитети во Ќустендилската областа и Сeвероисточниот плански регион, како и промотивно 3Д туристичко роуд шоу во двата региона, - информира Владимир Павловски од Североисточниот плански регион.

    Завршната конференција и презентација на постигнатите резултати ќе се одржи во 11 часот во Општина Крива Паланка.

    Проектот е дел од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија (2014-2020).