×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на романот за деца „ Не паркирај гаража“ од Трајче Кацаров

    09.05.2018 10:22 | KumanovoNews

    Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ во Куманово, утре во 12 часот ќе се одржи промоција на романот за деца „ Не паркирај гаража“ од авторот Трајче Кацаров.

    Промоција на романот за деца „ Не паркирај гаража“ од Трајче Кацаров

    Промотори на книгата ќе бидат проф.др. Мито Спасовски и проф.др. Христо Петрески.

    „Не паркирај гаража“ е најнов роман за деца на Кацаров. Содржината на романот почива на вечното недоразбирање помеѓу возрасните и децата. Тоа е мотив што ги окупирал, ги окупира и ќе ги окупира многуте светски автори.

    Во спорот со возрасните,  децата користат свои средства (пркос, плач, лутење) додека пак возрасните спорот сакаат да го решат со поуки, казни и слично на нив. Во романот на Кацаров тоа експлицитно е покажано преку ликовите: детето лутаџија Туфе Џинката и неговите родители, таткото Стојан Бабура и мајката Елена Чушка Везена.

        Присуството на Трајче Кацаров на македонската книжевна сцена го оправдуваат четириесетина книги ( поезија, романи, пиеси, есеи, пиеси, раскази и поезија за деца).

    За дел од книгите ги добива и највисоките книжевни признанија, За поемата „АКО“ ја добива наградата „Григор Прличев“, за романот „Татко и отец“ го добива „Рациновото признание“. Овој роман влезе во потесен избор за „Роман на годината“ на „Утрински весник“. За книгата поезија „Форма на молкот“ ја доби наградата „Јован Котески“.  За книгата „Шешири“ ја добива наградата „Прозни мајстори“. За книгите за деца ги добива наградите „Струшко изгрејсонце“ и „Малиот Принц“. Сценски изведби на неговите пиеси се регестрирани во повеќето нацинални театарски куќи во Македонија како и во Бугарија (пет постановки) во Хрватска, Србија и Украина. Според бројот на преведени книги, Кацаров зазема значајно место на македонската вертикала на преведени автори. За неговите дела пишувале скоро сите книжевни и театарски критичари и теоретичари на литературата и сценските игри.