×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2019“

    13.11.2019 09:23 | KumanovoNews

     Во салата на Младинскиот културен центар (МКЦ), поранешно кино Козјак, во петок во 12 часот ќе се одржи промоција на видео записот од Првиот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2019“.

    Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2019“

    Промоцијата ја организира КУД „Панче Пешев“, а ќе биде прикажани највпечатливите и најинтересни настапи на играорците учесници на фестивалот, како промоција на нивната музичка култура и традиција.

    На првиот Меѓународен фолклорен фестивал учество зедоа ансамблите „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ - Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ - Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ - Лебане, Лесковац, Србија,  КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија,  Бугарија, КУД „Димитриеје Туцовиќ“ - Белград и  Артистика „Мангаларес„-  Колумбија, Јужна Америка.

    Се одржа и дефиле низ кумановските улици и на градскиот плоштад, што предизвикуваше воодушевување кај граѓаните.

    Фестивалот беше под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура.