×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирано новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ

    05.05.2018 20:22 | KumanovoNews

    Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска го промовираше новото партиско раководство.

    Промовирано новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ

     Новиот општински комитете брои 40 членови, главно млади луѓе. 

    „Овој тим, кој стои позади мене, е составен од луѓе со висок морален и професионален интегритет, препознатливи во градот и докажани во своите сфери на делување. Моја интенција е овој општинскиот комитет да се профилира како интелектуално и политичко тело, за која цел направив и освежување и подмладување со нови, но сепак докажани кадри“, - изјави Петрушевски.

     За потпретседатели се именувани Филип Филиповски и Тихомир Алексовски, а за секретар Оливер Цветковски. Членови на ОК се Синиша Кашавелски, уметник, Боби Серафимовски, музичар, Дејан Ѓорѓиевски, археолог, Бобан Николовски, Дејан Јовановски, Срѓан Ивановски, Александар Стојановски, Радован Ристовски, Мартин Георгиев, Александар Божиновски, Миле Ристовски, Зора Саздовска и Сузана Кузмановска.

    Членови по функција се и досегашниот претседател Драган Петковски, пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, членот на ЦК Звонко Богдан,  претседателката на УЖ Емилија Трајковска, претседателот на УМС Никола Перовиќ, и претседателот на ветерани, Драган Јаневски.

    Освежувањето со нови кадри се: Виктор Славковски, Виолета Арсовска, Христина Божиновска, Наташа Јакимовска, Елена Јаневска, Розита Симоновска Аритонова, Светлана Цветковска, Оливера Стефановска, Сања Јакимовиќ Петковска, Сузана Николовска и Александра Соколовска.

     За членови се именувани и досегашните претседатели на дел од МК и тоа Бобан Сарафимовски, Дејан Трендевски, Сашо Стошевски, Сашо Додевски, Александар Димитријевски и Томислав Арсовски.

    „Овој тим, заедно со членот на извршниот комитет Игор Божиновски, верува дека успехот ќе дојде само како резултат на напорна работа, учење од неуспех, лојалност и упорност“, - изјави Петрушевски.

    Тој најави дека како млад човек кој живее во мултиетничка средина, ќе се залага за решавање на проблемите на сите сограѓани Албанци, Роми,  Срби и другите националности.

    „Конечната цел на овој тим, е рушење на оваа неспособна и дрска локална власт од страна на СДСМ, која веќе 27 години владее во нашата општина. Убеден сум дека на следните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе да ја добие довербата и шансата од нашите сограѓани Кумановци, за да му го врати сјајот на нашиот заеднички град каков што тој заслужува“, - заврши Петрушевски на прес-конференцијата.