Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неактивирана рачна бомба од Втората светска војна, пронајдена е при вршење на градежни работи во Куманово.
Според, МВР, вчера во 12.50 часот во Полициската станица Куманово, вработен во приватна фирма од Куманово пријавил дека на ул.„11 Октомври“ во Куманово, при изведување градежни работи - вршење на ископ, пронашле стара неексплодирана рачна бомба. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.