×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протестот ги скара угостителите

    21.01.2010 20:40 | KumanovoNews

     Кумановските угостители утре ќе ги затворат своите локали и ќе се приклучат на протестот под мотото “Дајте им право на избор на нашите гости”, организиран против Законот за пушење.

    Протестот ги скара угостителите

    Ваквата одлука била донесена на синоќешниот состанок каде триесетмина од нив ставиле потпис на петицијата и се обврзале дека ќе бидат единствени во штрајкот.

    - Сите сопственици на ресторани и кафе-барови се договоривме утре да ги затвориме локалите од 07 до 24 часот и со тоа да направиме притисок да се извршат измени во Законот за пушење. Сите сме едногласни, освен сопственикот на Ирскиот паб, кој не сака да го подржи протестот- изјави Дејан Зец, сопственик на Корзо.

    Ирецот  Марк Антони Марфи вели дека нема ништо против протестот, но од лични причини го подржува Законот против целосна забрана за пушење и смета дека има право да не се приклучи кон одлуката на останатите угостители. Поради неговата одлука тој денеска имал непријатност од еден свој колега,кој вербално го нападнал заради што Марфи ја известил полицијата.

    -Денеска дојдоа кај мене група луѓе и еден од нив ми се закануваше дека ќе се пресмета со мене, со моето семејство, а ќе има последици и по мојот бизнис. Ако решив утре да работам, не значи дека сум алчен по пари и сакам да им ги земам муштериите на другите. Јас имам  демократско право да одлучам, а тоа го правам, бидејќи сум голем противник на цигарите - вели Марфи.

    Наспроти неговите тврдења посочените негираат дека имало закани кон Ирецот и дека тие само го поканиле да им се придружи, а како тој не сакал, се повлекле од настојувањата.

    Сопствениците на локалите им се извинуваат на своите гости за тоа што утре нема да работат, но напоменуваат дека тоа е за добро на двете страни за остварување на одредени права.