×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пукал во поранешната сопруга, затоа што му се заканувала

    21.04.2010 14:41 | KumanovoNews

    Бранко Петровски (37) од с.Мартиница, кој пред два дена во Крива Паланка ја убил поранешна невенчана сопруга Сaњa Јовановска (25) од селото Борово, во Основниот суд во Куманово го признал делото.

    Пукал во поранешната сопруга, затоа што му се заканувала

     Во судот тврдел дека не се сеќава на моментот кога пукал од пиштолот, а станал свесен за својата постапка неколку минути по убиството. Причина за убиството биле заканите што ги добивал од Сања и нејзиниот пријател од Струга, дека ќе го убијат ако не им дозволи да ги земе децата. Тие за старателството на децата се скарале додека уште  биле во Центарот за социјални работи, а расправијата ја продолжиле надвор, кога тој се изнервирал и посегнал по оружјето.

     Петковски изјавил дека двапати пријавувал во полиција во Крива Паланка дека добива закани од поранешната невенчана жена и нејзините пријатели.

     Сања, пред две години го напуштила Бранко и заминала да живее и работи во Струга. Критичниот ден дошла во градот за да ги земе децата, кои биле сместени во згрижувачко семејство, бидејќи Бранко е невработен. Тој не и дозволувал да ги одведе децата и барал Сања да му се врати и да продолжат да живеат заедно.