×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пукната водоводна цевка поплави куќа зад Гимназијата

    30.06.2018 07:20 | KumanovoNews

    Пукната водоводна цевка на главната водоводна мрежа поплави приземје на куќа на ул. „Љупчо Арсов“ бр. 9, која се наоѓа зад Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

    Пукната водоводна цевка поплави куќа зад Гимназијата

    Како што информираат од Региналниот цента за управување со кризи (РЦУК), поплавата била пријавена во 6.45 часот, по што веднаш било известени екипите на ЈП „Водовод“, кои излегле на терен и утврдиле дека во индивидуалниот стамбен објект има големи количина на вода и поголема матерјална штета.

    „Од  ЈП Водовод се до попладневните часови вршеа интервенција и чистење, како и санирање на одводните цевки, отстранување на дефектот и замена на  азбесните цевки“, - соопштиваат од РЦУК.

    Водоснабдувањето на потрошувачите во тој дел на градот било прекинато до отстранување на дефектот до крајот на работното време.

    Во понатамошна постапка ќе се утврдува матерјалната штета од поплавувањето  на куќата од главната водоводна мрежа на ЈП „Водовод“ – Куманово.

                                                                   (фото-архива)