×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштена во употреба спортска сала во „Перо Наков“

    09.11.2018 14:20 | KumanovoNews

     Спортска сала доби средното училишта „Перо Наков“ во Куманово, каде наставата се изведува на албански јазик, кое се наоѓа во кругот на поранешната касарна „Христијан Карпош“.

    Пуштена во употреба спортска сала во „Перо Наков“

    Училишната сала е со површина од 650 метри квадратни, опремена со сите реквизити и справи за мали спортови, кошарка, ракомет, мал фудбал и одбојка. За изградба на салата потрошени се околу 400.000 евра, кои ги обезбеди Владата на Република Македонија, преку проектот за изградба на 145 училишни сали во државата.

    Mинистерот за образование, Арбр Адеми, кој е од Куманово, истакна дека и во наредниот период ќе се инвестира во инфраструктурата во образованието се со цел да се подобри квалитетот на наставата во училиштата.

    -Во најкраток рок кога ќе се средат административните работи и ќе започнеме со изградба на уште една спортска сала во средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. Ви честитам и очекувам дека од ова училиште и од оваа спортска сала ќе се раѓаат вистински спортисти, - изјави министерот Адеми.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, потсети дека државата последното училиште во Куманово го изградила во 1987 година, па  се надева дека централната власт ќе реализира повеќе капитални објекти во наредниот период.

    Ја користам оваа прилика да се заблагодарам за инвестицијата во нашиот град,во која и Општина Куманово учествуваше со средства од 1 милион денари, - рече Димитриевски.

    Министерот Оливер Спасовски, не го криеше задоволство што во предвечерието на големиот празник е пуштев во употреба капитален објект, кој ќе им користи на учениците.

    - Сите заеднички правиме напори да си ги подбриме условите за живот, но најдобро е да ги подобриме условите за квалитетно образование. Ако имаме квалитно образование ќе имаме квалитетен развој на општината и на општеството. Само квалитетни кадри вградени во државните институции носат прогрес и носат напредок, - рече министерот Спасовски.

    Пуштањето на училишната сала се совпадна со одбележување на Денот на ослободување на Куманово-11 Ноември, и 499 години постоење на Куманово, па на свеченоста присуствуваа и министрите: Бујар Османи, Садула Дураку, градоначалници и други гости.