×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштено во употреба игралиште за деца со попреченост

    24.10.2019 20:42 | KumanovoNews

    Во дворот на основните училиштата „Браќа Миладиновци“ во Куманово, каде што настава посетуваат учениците со посебни потреби, денеска беше пуштено во употреба игралиште,  со опрема и пристапност за лицата со попреченост.

    Пуштено во употреба игралиште за деца со попреченост

    На отворањето на игралиштето, градоначалникот Максим Димитриевски, истакна дека се неопходни проекти од овој тип, затоа што на овој начин ќе се овозможи инклузија на лицата со попреченост во нашето секојдневје.

    „Ова е корисен проект за лицата со попреченост, каде Општината даде помош од аспект на техничка имплементација, на оваа локација којашто е една од најстарите училишта во градот, а нашите партнери се потрудија да обезбедат урбана опрема. Се надевам дека барем за миг ќе ги направиме среќни нашите сограѓани, кои доаѓаат од една специфична категорија, на коишто многу повеќе треба да им се посвети внимание, особено во делот на воспитно-образовниот процес“,- рече градоначалникот Максим Димитриевски.

    Бранка Џајковска од фондација „Чекор по чекор“, истакна дека Куманово е единствената општина која има доделено два гранта за спроведување на ваков проект и дека особено е важно што ова игралиште ќе биде наменето за сите деца во општината, а поради учеството и на „Порака Наша“, овозможено е игралиштето да биде наенето и за лицата со попреченост над 18 години.

    „Од последните истражувања што ги имавме се забележува дека децата со попреченост воопшто не се вклучени во културните и спортските активности поради непристапноста, иако таа ненамерно се прави, односно не се размислува за сите луѓе кога се гради нешто. Но, со тоа што даваме пример како треба да изгледа инклузија, се надеваме дека ќе имаме што повеќе инклузивни објекти“,- кажа Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива", Куманово.

    Ова игралиште е дел од проектот „Инклузивни партнерсктва во заеднците“, кој е финансиран од Европската унија, а е во организација и реализација на фондација „Чекор по чекор“, а како партнери на проектот се Општината Куманово, како и невладините организации „Инклузива“ и „Порака наша“ од Куманово.