×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Работно лето најави СДСМ Куманово

    10.07.2019 12:09 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ Куманово најавува работно лето. Во наредните денови ќе започнат со теренски активности, посети во маала, урбани заедници и села, како и средби со граѓаните, со цел да го слушнат нивното мислење.

    Работно лето најави СДСМ Куманово

    „Сите знаеме дека на Куманово му треба многу повеќе, особено во делот на инфраструктурата, градскиот сообраќај, атмосферска канализација, повеќе зелени површини, спортски, културни и уметнички манифестации. Куманово расте и допрва ќе се развива. Ќе разговараме за клучните теми, потребите, отворените прашања значајни за нас и нашиот град и активно вклучување на СДСМ во нивно решавање. За работата на градоначалникот, локалната самоуправа, институциите и Владата, граѓаните треба да оценат што се покажало како добро, а што треба да се подобри, посебно за она што досега е сработено и за она што допрва следи, како проект или нова идеја. Ние сме на ваша страна, ние сме дел од вас, приклучете ни се, бидете гласни, како што впрочем и ни доликува на нас, кумановчани. Вашиот став и вашето мислење за нас е важно, секоја ваша критика упатена кон нас е поттик за навремено реагирање и пронаоѓање решенија“, - изјави портпаролката Катерина Пешиќ- Бошковска.

    Од партијата најавуваат дека во теренските активности ќе се вклучат и функционерите – пратеници, министри, советници,градоначалникот, директорите на јавни и општински установи.