×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Распишан конкурсот за детски песнички “Распеано симитче 2018“

    21.07.2018 12:44 | KumanovoNews

    Здружението “Центар за аудиовизуелни уметности“ со поддршка на Општина Крива Паланка, распишува конкурс за избор на детски песни за фестивалот “Распеано симитче 2018“.

    Распишан конкурсот за детски песнички “Распеано симитче 2018“

    Фестивалот ќе се оддржи во втората половина на месец октомври во Крива Паланка и ќе донесе 15 нови детски песни.

    На конкурсот право на учество имаат сите домашни автори, а композициите што ќе бидат испратени на конкурсот треба да бидат лесно прифатливи, современи детски песни и да не биле претходно јавно објавувани и изведувани.

    „Конкурсната пратка треба да содржи нотен текст со впишан текст и хармонски симболи, текст,  демо снимка и име на авторот (музика и текст).
    Организаторот го задржува правото на евентуални корекции на избраните творби и нивно аранжирање. Со авторите чии дела ќе бидат избрани на конкурсот ќе склучи договор и ќе исплати авторски надомест. Со склучување на  договорот, авторите имаат обврска на организаторот да му ги пренесат правата за прво јавно изведување, за радиодифузно емитување, за тонско и видео снимање, умножување и продажба на носачи на слика и звук, објавување на тонските и видео записите на интернет и друго, како и право организаторот некои од овие права да ги пренесува на трети лица, - стои во конкурсот.

    Песните треба да се испратат најдоцна до 10.08.2018 година, електронски на [email protected] или по пошта на „Здружение Центар за аудиовизуелни уметности“ со назнака “Распеано симитче 2018“,  ул. Никола Тесла 55, Крива Паланка.